На Табановце и Пелинце ќе има само еден граничен премин

На Табановце во Македонија и на Пелинце во Србија ќе се влегува преку еден граничен премин кој заеднички ќе го контролираат македонските и српските власти.

На вчерашната седница на Владата министрите ја усвоиле информацијата за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и Република Србија на граничните премини Табановце – Прешево и Пелинце – Прохор Пчински.

-Оваа мерка е една од целите на Повеќегодишниот акциски план за создавање Регионална економска област на Западен Балкан, усвоен на Самитот во Трст од јули 2017 година. Тој меѓу другото предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли и гранични контроли со едно застанување односно One-Stop Shop, велат од Владата.