Комисијата за заразни болести на денешниот состанок заклучи дека нема потреба за ригорозни мерки околу смртоносниот коронавирус од кој во Кина досега починаа 9 лица а околу 500-тини се заразени.
Епидемиолозите одлучиле дека засега не треба да биде во функција и термалната камера на аеродромот, а за оние кои патуваат во Кина или се враќаат од земји каде го има вирусот ќе им делат информативни материјали -да не одат во областите каде е потврден вирусот, а оние кои се враќаат во земјата ако имаат респираторни симптоми каде да побараат помош.
Во меѓувреме вонреден состанок одржува и Светската здравствена организација која прави проценка дали да прогласат вонредна состојба откако опасниот вирус излезе и надвор од кинеските граници и веќе има случаи на заболени во Јапонија, Тајланд, Австралија и САД.