На овој ден, пред 15 години, Тоше пееше - концертот беше посветен на училиштата

На денешен ден точно пред 15 години на градскиот стадион во Скопје, легендарниот музичар Тоше Проески го одржа својот последен хуманитарен концерт, посветен на училиштата во Македонија.

Во таа чест, вечерва под наслов „Со љубов за Тоше“, од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.

И твитерџиите се сеќаваат на последниот концерт на Тоше: