МВР: Едно лице го загуби животот во Мала Речица, другото се бори за живот

Министерството за внатрешни работи потврдува дека во вооружениот инцидент кој попладнево се случи во Мала Речица, едно лице го загуби животот.

Инцидентот како што веќе објавивме, се случил околу 18:20 часот во тетовското село Мала Речица.

Полицијата добила пријава за пукање од огнено оружје во селото, по што полициски екипи излегле на местото на настанот, при што пронајдени биле чаури и траги од крв.

Од Клиничката болница во Тетово ја информирале полицијата дека кај нив биле донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Од МВР велат дека во врска со случајот приведени се две лица и се работи на негово целосно расчистување.

Дел од албанските медиуми јавуваат дека вооружениот инцидент се случил помеѓу две ривалски групи на политичката партија ДУИ. Спротивставените страни се сретнале пред партиското седиште, по што започнала вооружената пресметка. Неофицијално групите биле од Скопје и Куманово.

Весникот на албански јазик Коха, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека убиениот е Наип Реџепи од Куманово.

Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент во Мала Речица е Флорим Мисини од Куманово, пишува весникот на албански јазик Коха.

Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Тешко повреден е и близок роднина на убиениот во инцидентот Наип Реџепи.

new nike air max 2019