МВР доби донација од милион евра од Чешка

Договор за донација вредна околу еден милион евра, која опфаќа повеќе безбедносни сегменти за техничко осовременување и доопремување на неколку организациони единици при МВР, денеска потпишаа министрите за внатрешни работи на Македонија и на Чешката Република, Оливер Спасовски и Јан Хамачек.

Преку Договорот што го парафиравме со министерот Хамачек, ние продолжуваме во насока на реализирање на заедничките цели, а тоа се високите и квалитетни безбедносни стандарди во интерес на граѓаните. Финансиските средства се наменети за активности поврзани со зајакнување на капацитетите на Одделите за гранични работи и миграции, за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и за воздухопловните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, појасни Спасовски.

Чешката полиција во континуитет е присутни на нашата јужна граница од 2016 година до денес, каде што заедно со припадниците на нашето Министерство заеднички остваруваат задачи на обезбедување на граничниот појас.

Министерот Хамачек потенцира дека Чешка и во иднина ќе продолжи да и помага на Северна Македонија кон евроатланските интеграции и потенцира дека денешната посета е еден од конкретните примери за одличната соработка меѓу двете држави.

Ова е најдобар начин да се помогне во сузбивањето на борбата со организираниот криминал, трговијата со органи и сите проблеми со кои се соочуваме и сакам да ве уверам дека нашата помош и поддршка ќе продолжи и понатаму, рече министерот Хамачек.

Министрите Спасовски и Хамачек по средбата во Скопје заминаа да ги посетат полициски службеници на јужната граница да им изразат благодарност за нивниот придонес за гарантирање на безбедноста.

air max 90 essential sale