Мухамед Али: Најголемата победа во животот е да се издигнеме над материјалните работи кои некогаш сме ги ценеле најмногу

Мухамед Али е славниот боксер на кому му се восхитуваат многу генерации. Тој никогаш не беше претерано скромен и по својата прва победа извикуваше „Јас сум најдобриот“, а потоа и често им се потсмеваше на своите противници велејќи им дека се послаби од него. Тој никогаш не размислуваше за поразот.

Ова се некои од неговите најпознати мисли.

Најголемата победа во животот е да се издигнеме над материјалните работи кои некогаш сме ги ценеле најмногу.

Низ животот, постојано бев на тст. Мојата волја, храброст, мојата сила. Денес, на тест се моето трпение и издржливост.

Не можеме да бидеме храбри без страв.

Критичарите само направија да работам понапорно.

Ако мојот ум може да го замисли, и моето срце верува во тоа -  тогаш можам и да го постигнам тоа.

Го мразев секој момент од мојот тренинг, но си реков: не се откажувај. Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион.

Не губиме ништо кога се бориме за нешто. Во мојот ум, единствени губитници се оние кои немаат за што да се борат.

new nike air max 2019