Мотоциклист во крушевско изгубил контрола и паднал на патот, со тешки повреди бил пренесен во болница

Вчера во Полициската станица Крушево било пријавено дека во с.Норово, крушевско, М.Б.(23) од с.Норово, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Крушево.