МОН објави девет конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии од различни области

Министерството за образование и наука денеска објави девет конкурси за доделување 3.500 стипендии од различни области.

МОН доделува 50 стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта, сто стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта, 150 стипендии за талентирани ученици/чки – спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

Се доделуваат и 200 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Објавен е конкурс за доделување 400 стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта, 1500 стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ).
18.10.2023

МОН доделува 900 стипендии за социјална поддршка на ученици/чки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, 150 стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година и педесет стипендии за ученици/чки -деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024.

Сите конкурси се достапни на веб-страницата на Министерството за образование и наука.