Моќна приказна која ќе ве натера да си ги преиспитате приоритетите

Сите ние трчаме низ животот и речиси и да немаме време да погледнеме лево и десно. Работиме, јадеме и спиеме и на крајот од денот ни останува многу малку време за работите кои навистина се важни во живот, како што се моментите кои ги поминуваме со саканите.

Оваа кратка приказна покажува колку брзо може да пројде времето и не потсеќа да ги негуваме сите моменти кои ги поминуваме со саканите.

Еден ден во паркот, една жена седнала до еден маж на клупата во близина на едно детско игралиште.

Жената прва проговорила и рекла: „Ене го мојот син“, покажувајќи кон малото момче со црвен џемпер.

„Слатко дете имате“,  одговорил мажот, „а инаку девојчето во бело фустанче кое го вози велосипедот е мојата ќерка“.

Тогаш го погледнал својот рачен часовник и рекол: „Мелиса, време е да си одиме!“.

Тогаш неговата ќеркичка со мил глас му рекла: „Ајде уште само 5 минути тато. Те молам? Уште само 5 минути!“.

Таткото климнал со главата и Мелиса продолжила среќно да го вози својот велосипед. Откако истекле 5-те м инути, тој станал и и рекол: „Може да си одиме сега?“

Мелиса почнала да го моли татко и: „Уште само 5 минути татко, уште само 5 минути...“

Мажот се насмевнал и рекол: „Добро, ајде...“
Жената којашто седела до него на клупата искоментирала: „Вие навистина сте еден многу смирен татко.“

Тој се насмевнал и одговорил: „Минатата година, нејзиниот постар брат Томи беше усмртен од страна на еден пијан возач додека возеше велосипед и тоа баш тука во околинава. Никогаш не поминував премногу време со Томи и сега се би дал да можам да имам уште 5 минути со него. Си ветив самиот на себе дека нема да ја направам истата грешка со Мелиса. Таа мисли дека има уште 5 минути да вози велосипед, но вистината е дека јас имам уште дополнителни 5 минути за да видам како си игра.“

Животот се врти околу бирање на нашите приоритети. Кои се вашите? Не си го губете времето и уште денес посветете барем 5 минути на луѓето што ги сакате!