Сакајте ги и почитувајте ги своите родители пред да биде предоцна – моќна приказна која ќе ви покаже колку е важно тоа

Ова е приказна која ќе ви покаже дека многу грешите кога немате трпение за своите родители.

80-годишен маж седел во својата дневна соба со својот 45-годишен син. Обична недела како и сите други.  Одеднаш славеј дошол на прозорецот од куќата.

Таткото го прашал својот син „Што е ова, синко?“ Синот одговорил  „Тоа е славеј, тато.“

По неколку минути, таткото го прашал синот повторно „Што е ова на прозорецот? “ Синот нетрпеливо одговорил „Татко ти кажав веќе, тоа е славеј“. По некое време, таткото повторно го поставил истото прашање. Синот веќе почнал да губи трпение.

„Славеј, татко. Славеј е тоа. Ти кажав неколку пати“.

По неколку минути, таткото повторно прашал „ Синко, која е оваа птица?“ Синот веќе се развикал. „ Татко, ми здосади веќе, преку глава ми е од овие прашања. Не можам веќе да седам и да те слушам“ – рекол тој.

Таткото му рекол да почека само 1 минута пред да си оди. Тој отишл до својата соба и донел една стара тетратка. “Дневник за моето татковство“ – стоело на корицата. Тој го замолил синот да прочита една од страниците внатре.

„Денес мојот син кој има 3 години седеше со мене во дневната, кога славеј слета на прозорецот. Тој ме праша 23 пати која е таа птица. 23 пати му одговорив дека тоа е славеј. Го прегрнав силно и знаев дека ќе го постави тоа прашање уште многу пати. Не се нервирав бидејќи тој е мало дете кое така учи.“

Синот го погледнал во очи. Ја сфатил својата лекција.

Затоа, никогаш не се однесувајте лошо или нетрпеливо кон своите родители. Бидете добри и љубезни кон нив, така како што тие беа со вас секој момент додека бевте деца. Сакајте ги и почитувајте ги пред да биде предоцна.