Млада велосипедистка тешко повредена во сообраќајна несреќа во Скопје

E.Д., 25-годишна девојка на велосипед вчера била тешко повредена на крстосницата од булеварите „Јане Сандански" и „Кузман Јосифовски Питу" во Скопје.

Според МВР, автомобил „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен возач, удрил во девојката која била на велосипед.

Е.Д. добила тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Полицијата извршилa увид на местото на настанот.