Млада Месечина на 6 октомври: Доаѓа магија во нашите животи

Астролозите предвидуваат дека октомври ќе биде месец на космички промени, а таа енергија доаѓа од младата Месечина во Вага која ќе го осветли небото на 6 октомври.

Младата Месечина е период на нови почетоци, но и инспиративни идеи и можност за исполнување на желбите. Вагата е воздушен знак, а тоа носи силен ветар на промени, носејќи ни магија во нашите животи.

Освен Месечината во знакот Вага се и Сонцето, Меркур и Марс. Енергијата на Вагите е насочена кон пронаоѓање баланс, средина и согледување на работите од повеќе страни. Вагата има дарба да ги усогласи сите аспекти од нашето живеење, па така ова е период на единство и хармонија, а посебно треба да го искористиме за унапредување на емоционалните и љубовните односи.

На подлабоко ниво, енергијата на Вагите се однесува на соработката. Станува збор за хармонија со другите, природата и со целиот живот. Но, Вага исто така нè предупредува дека не треба да се трудиме да им се допаднеме на другите, да се преправаме и да се прилагодуваме на другите. Едноставно, треба да бидеме свои. 

Затоа, и младата Месечина одличен транзит за поставување нови навики, поправање на некои работи кои не функционираат во нашиот живот, па и рамнотежа. Каде даваме повеќе одошто земаме? Како можеме да го промениме тоа? Што треба да направиме за да бидеме посреќни?

Циклусите на месечината се поврзани со емоциите, инстинктите, внатрешниот свет и така тоа се однесува на она што сме како личности. Оваа млада Месечина има посебна моќ да навлезе во нашите односи и така можно е да имаме посебна енергија која ќе привлече нови луѓе во нашиот живот, а некои од нас ќе пробаат да решат одредени конфликти кои сме ги имале во односите со оние кои ни се важни.

Што им носи оваа млада Месечина на хороскопските знаци?

Овен 

Вашите односи ќе преминат на едно друго ниво и ќе добијат ново значење за време на овој транзит. Обрнете внимание на тоа каде се вашите односи во моментов и како можете да ги поврзете. Младата Месечина ќе ве охрабри да изберете партнерства кои го вадат најдобро од вас и ќе се трудете да бидете најдобрата верзија од себеси за другите.

Бик

Од вас зависи како ќе ги искористите ресурсите кои ги имате на располагање. Вие имате еднакво време во денот како и другите, па зошто тогаш го трошите на очајување и анализи кои не ви помагаат да ги подобрите односите со другите луѓе? За многу Бикови, оваа млада Месечина ќе биде поттик да поработат на подобрување на односите со другите луѓе, но и да ги решат конфликтите кои постојат во некои од односите. Не очајувајте, туку вложете се во пријателствата и љубовните врски со луѓето кои ви значат.

Близнаци

Овој транзит за вас претставува поттик да се навратите на креативноста и детето во вас. Бидете отворени кон нови искуства, радост и нови луѓе, без да размислувате премногу. Оваа млада Месечина е вашата можност да бидете среќни, без да размислувате за последиците.

Рак

Раковите ќе чувствуваат потреба за сигурност за време на младата Месечина. Таа ве поттикнува да креирате средина во домот која ве возбудува и ви создава пријатно чувство. Поврзете се со своите корени, со вашите најблиски и цветајте онаму кадешто припаѓате.

Лав

Младата Месечина на Лавовите ќе им помогне да ја откријат својата интелигенција и да ја искористат за добро.Ќе се чувствувате како вашиот ум да не може да мирува од многуте идеи. Дозволете си да се инспирирате и да водите интелектуални разговори и преговори со другите. Време е да почувствувате промени поврзани со интелектот кој го поседувате.

Девица

Девиците треба да пронајдат начини како да останат приземјени. Можно е да имате потреба за стабилност и планирате нешто што е во вашиот најдобар интерес. Купете нешто што ве прави среќни и поставете финансиски цели кои ви служат, но потрудете се да не заборавите на малите нешта и сето она што ве прави среќни во овој процес. Поврзете се со светот користејќи ги сите пет сетила.

Вага

Со оглед на тоа дека младата Месечина доаѓа во вашиот знак, вие откривате подлабоки нивоа од себеси. Таа претставува важна пресвртна точка за вас и ве охрабрува да пронајдете самодоверба. Препознајте го својот идентитет, прогресот кој го постигнувате и направете промени кои ги рефлектираат таквите размислувања.

Шкорпија

Можно е да се соочите со своите потиснати чувства. Вашата потсвест ќе биде многу силна за време на овој транзит и ќе ве мотивира да поработите на себеси преку самоанализа. Можно е да тргнете на пат кој ќе ви помогне да изградите нови навики, ставајќи го својот мир и ментално здравје на прво место.

Стрелец

Младата Месечина ве охрабрува да ја цените својата индивидуалност и иновативност. Поврзете сте со она што сте и не ја кријте својата екцентричност. Можно е тоа да привлече до вас луѓе кои се слични на вас или кои вистински ве разбираат. Младата Месечина е за креирање средина на пријатели кои ве инспирираат, поддржуваат и прават среќни.

Јарец

Можно е вашата кариера да земе нов правец за време на младата Месечина. Веројатно ќе се најдете во позиција да преземете нови одговорности и да направите поголем напор за да стигнете до успех на ова поле. Ова е нешто што одамна сте го посакувале. Младата Месечина е моќен транзит кој ќе ви помогне да поставите цели и лесно да ги остварите.

Водолија

Младата Месечина ве инспирира да изберете авантура. Се чувствувате како да се наоѓате во период на стагнација, а овој транзит ќе ви донесе идеи како да го промените тоа. Прифатете ја шансата да бидете спонтани и имајте отворен ум кон сите можности кои доаѓаат кон вас.

Риби

Оваа млада Месечина во Вага ви помага да направите внатрешна промена. Можно е да дојдете до некој крај или да почнете нов почеток, односно да почувствувате дека една врата се отвора, а друга се затвора зад вас. Дозволете и на младата Месечина да ја постави основата за тоа и не се плашете од промени.