Министерот за образование го кажа ставот за најавениот штрајк на просветните работници

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21, на прашањето за најавениот штрајк во образованието, кажа дека платите на просветните работници се зголемени за 35%.

„18,4 проценти успеавме и со општиот колективен договор, 10 проценти и усогласување со минималната плата во одреден процент и имаме зголемување од 35% повисоки плати за една календарска година. Ова не е направено никогаш. И велам, да треба уште, и ги поддржувам наставниците за барањата, но не може се одеднаш да се постигне“, изјави Шаќири.