Министерот Шаќири кажа кога ќе се полага државна матура

Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) штрајкува веќе трета недела и поради тоа е неизвесно полагањето на државната матура, најавена за 27 мај и 10 јуни.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кажа дека ги поддржува барањата на членовите на ДИЦ, но негов став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај.

- Вчера имал состанок Управниот одбор на ДИЦ и според информациите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на 27 мај. Ако е потребно и кадар на вработени од Министерството за образование и наука, ќе доставиме од понеделник, за да може да ги завршиме работните задачи, вели Шаќири.