Метеоролозите со најнови информации: Кога се враќа летото

Северен ветер, посвежо време и со пониски температури на воздухот - нестабилното време ќе продолжи се до крајот на денот и на самиот почеток од новата работна недела, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Особено нестабилно ќе биде на запад и на исток каде на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Нестабилноста ќе биде најмногу застапена во попладневните часови.

Ќе продолжи да дува северен ветер кој ќе донесе посвежо време со пониски дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен додека нешто посвежо останува на крајниот запад.

Попоски прогнозира стабилизација на времето со повисоки температури од следниот викенд, но секако, можни се и промени.