Метеоролозите предупредуваат: Следуваат пеколни температури - како да се заштитите

Новата недела која што ни започна ни носи летни температури на воздухот. Иако не се екстремно високи сепак станува збор за значително повисоки температури на воздухот и тоа за краток временски период од доцна есен преминавме во лето.

Сето ова многу лошо ќе влијае врз поголемиот дел од граѓаните, вели метеорологот Славчо Попоски.

Температурите на воздухот во текот на оваа работна недела ќе се искачуваат во интервалот некаде од 29 до 35 – 36 степени.

Поради топлото време кое што набрзо ни надојде по студениот бран внимателни да бидат особено метеопатите но и останатите граѓани без разлика дали се возразни или не. Да пијат повеќе течности додека старите и изнемоштени лица во периодот од 10 до 18 часот во никој случај да не излегуваат на директното сончево зрачење кое повторно ќе има многу висока до екстремно висока вредност.

Времето ќе биде сончево додека во текот на попладневните часови локално ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во текот на развојот на нестабилноста не се искалучува можноста и за ретка појава на град како и електрични празнења.