Метална врата паднала врз малолетник, кој си играл во двор во училиште во Тетово

Вчера, во 12.50 часот, 35-годишниот гостиварец М. Т. во СВР Тетово пријавил дека на 24 овој месец, околу 17.30 часот, играјќи си во дворот на основно училиште во околната населба Циглана, врз неговиот малолетен син паднала метална врата и му нанела повреди.

Toj бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.