Месечината влегува во знакот Лав – време е за љубов на 1001 начин

Месечината влегува во знакот Лав во опозиција на Сатурн и креира квадрат со Уран. Тоа значи дека страста доаѓа. 

Можеме да сакаме на 1001 начин. Во нашата реалност има милион луѓе, но тие млако сакаат, млако живеат и  не ни се потребни. Тие немаат голема страст за никому. 

Но, постои и една личност во чии очи можеме да пронајдеме пламен. Ја имаме до себе, а можеби не ја гледаме. 

Време е да сфатиме дека оние млаките и фини некогаш нè туркаат во бездната, тие прават да се изгубиме себеси, да паднеме. Во нив нема ништо живо, а нема ни во љубовта со нив. Пуштете ги, оставете ги. Не им давајте внимание.

Насочете се кон оние со пламен во очите, а оган во срцето. Тие се вистинските. Оваа Месечина во Лав е за нив.