Месечен хороскоп за октомври 2022: Шкорпија

До крајот на октомври, вашиот живот ќе изгледа сосема поинаку.

Ова е ваш месец, а тој ви носи раст и можност да постигнете големи работи. 

Работа

Во текот на овој месец, ќе бидете склони кон тоа да си придавате големо значење што може да направи да пропуштите некои важни детали. Не влегувајте во ризици бидејќи лесно би можеле да направите лоша проценка и да се доведете себеси до загуби. 

Лесно ќе ви биде да се наметнете како лидер, бидејќи ќе можете да ги инспирирате другите луѓе. Само е важно да бидете тактични. 

Вториот дел од месецот ви носи признанија, но и подобро чувство. 

За среќа, на 2 октомври, Меркур го завршува своето ретроградно патување и ви носи полесна комуникација, можност да се изразите и да бидете разбрани, но и да ги одбегнете доцнењата. Тој ќе биде стациониран во вашата единаесетта куќа на надежи и идеали, со што ќе добиете можност да научите кои сте и што сакате.

Меркур не е единствената планета која беше ретроградна во изминатиот период. Плутон, исто така го завршува своето ретроградно патување на 8 октомври а со престојот во вашата трета куќа на комуникација, ќе успеете подобро да се поврзете со другите и да бидете дел од тим на кој можете да се потпрете. Ако некој се обидува да ве провоцира или пак да предизвика некаква реакција кај вас, овој транзит ќе ве поттикне да го игнорирате тоа и да си ја гледате сопствената работа.

Полната Месечина на 9 октомври ја осветлува вашата деветта куќа на здравје и продуктивност, а за вас ова е можност да ги измерите резултатите кои ги постигнавте изминатиот период, но и да осигурате баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Одлично е да се биде успешен и ценет на работа, но не по цена на тоа да страда вашето ментално здравје. Ова е пораката од полната Месечина во Овен.

Ова ќе биде дополнително интензивирано со влегувањето на Меркур во Вага во вашата дванаесетта куќа на духовност на 12 октомври, со што околу оваа дата многу умешно ќе успевате да најдете време за себе, да ги полните батериите и да го правите она што ве прави вистински среќни, а сето тоа сепак секако ќе резултира со поголема продуктивност на работното место.

Сезоната на Шкорпиите почнува на 23 октомври и ви носи бран на самодоверба. Тоа ќе ве направи вистински лидер на ова поле, но и ќе оставате впечаток на личност која точно знае што сака и како да се избори за тоа. 

Соларната еклипса во вашиот знак настапува на 25 октомври, а таа најавува огромна промена во вашиот живот. Верувајте му на она што е пред вас и знајте дека универзумот секогаш го има на ум вашиот најдобар интерес. 

Љубов

Минатиот месец ви донесе стрес на ова поле особено поради влијанието на квадратот на Венера со воинствениот Марс. Но, овој месец, работите се поромантични и послатки. 

На 2 октомври кога Меркур почнува да се движи директно, ќе ви биде полесно да се поврзете со саканите, но и да изразите како се чувствувате, без стравот како би можеле да бидете разбрани. 

Ретроградниот Плутон завршува на 8 октомври и ве поттикнува да размислите колку се исполнети вашите желби и потреби во љубовта и што повеќе ви е потребно за да бидете среќни. Како можете да го постигнете тоа и дали ги имате вистинските луѓе околу себе?

Вашата сезона почнува на 23 октомври, а тоа е ден и кога романтичната Венера влегува во вашиот знак, што ќе ве направи харизматични и обожавани од сите околу вас. Луѓето лесно ќе забележуваат што носите во себе и ќе посакаат да украдат дел од вашето време.

Вашиот љубовен живот ќе стане интересен околу 28 октомври со почетокот на ретроградниот Јупитер во Риби во вашата петта куќа на симпатии и флерт. Ако копнеете по страствена афера, ова е најдобриот период за тоа. Големи се шансите да се поврзете со друга личност, да го поминете сето слободно време со неа и да заборавите на остатокот од светот. Ова е период на задоволство и магија во вашиот љубовен живот. 

На 30 октомври со ретроградниот Марс ќе се чувствувате како да не го добивате вниманието кое го заслужувате, а тоа ќе ве направи вознемирени и лути. Ќе се чувствувате дека ја губите контролата, но имајте на ум дека работите не се секогаш такви како што ви изгледаат во еден момент. 

Ако сте во врска, ќе бидете добро расположени и весели, а со тоа ќе придонесувате и кон подобро расположение кај саканата личност. Организирајте заеднички излегувања и забава. Важно е да ги избегнувате тајните и да бидете сосема отворени и искрени ако сакате да ја зачувате врската. 

Ако сте слободни, можно е да дојде до заљубување на почетокот на месецот. Немојте да ја идеализирате личноста, туку дајте и шанса да ви се претстави во свое светло, а потоа донесете одлука дали и колку сакате да бидете со неа. Некои Шкорпии ќе имаат кратка авантура на едно патување, но ќе посакаат тоа да трае подолго. 

Здравје

Можен е пад на имунитетот. Движете се почесто.