Месечен хороскоп за октомври 2022: Рак

Овој месец освен на работата, често ќе помислувате и на различните начини на одмор и уживање, а есенските денови ви носат голема можност за тоа. Имајте на ум дека во ред е да бидете ефикасни и успешни на работа, но не смеете да го занемарите своето емоционално здравје. 

Раковите се носталгични, но сезоната на Вагите и периодот на есента за нив носи можност да поминат време во својот дом, во убава атмосфера со своите сакани. Искористете ја секоја можност за тоа, овој месец. 

Работа

Во октомври, Раковите ќе успеат да најдат сојузници за своите брилијантни идеи. Што и да смислите во текот на овој месец ќе ви донесе успех, но и профит. Многу од ова ќе биде неочекувано, но ваквите мали работи ќе ве радуваат во текот на целиот месец.. 

Во средината на октомври, ќе биде потребна вашата одлучност и храброст за да ги одбраните своите ставови. Немојте да бидете раководени од емоциите, туку водете се од умот. 

Можеби ќе бидете во искушение поврзано со парите и да трошите повеќе одошто имате. Ако работите со клиенти кои ви должат, исплатата нема да биде лесна. 

Некои Ракови би можеле да се најдат во ситуација да наидат на несогласувања па и прекин на соработката со значаен соработник, што може да влијае на вашите приходи на крајот на месецот. Добри резултати ве очекуваат ако се занимавате со забава, естрада или пак работа со млади и деца. 

На 1 октомври, со опозицијата на Венера во Вага и Јупитер во Овен можно е да дојдете до некакво посебно признание, со што ќе посакате да прославите со вашите сакани. 

На 2 октомври, конечно го славиме крајот на ретроградниот Меркур што ви носи полесна комуникација и можност да се посветите на вашите обврски без доцнења, недоразбирања и проблеми со технологијата. 

На 9 октомври ја имаме полната Месечина во Овен во вашата десетта куќа на кариера и имиџ, која ви носи крај на едно професионално поглавје во вашиот живот. Тоа не е ништо лошо, туку само знак дека треба да се подготвите за награди, унапредување или пак некаков друг вид на признание. Ова е транзит кој ви носи можност да освоите врвови во вашата кариера и да бидете победници во секоја смисла. 

На 10 октомври, Меркур влегува во Вага и ве поттикнува да се погрижите за документацијата и административните работи поврзани со домот, семејството, осигурувањето и тн. Овој транзит носи продуктивна енергија со која ќе успевате да завршите многу работи.

Но, со опозицијата на Меркур со Јупитер на 12 октомври ќе почувствувате дека вашите обврски се зголемуваат. Имајте на ум дека треба да успорите ако чувствувате стрес или неможност да завршите сè одеднаш. На оваа дата, Марс прави квадрат со Нептун што може да ве направи и екстра мрзеливи и незаинтересирани. 

Венера се поврзува со Сатурн на 14 октомври носејќи ви атмосфера на поддршка на ова поле. Поставете ги своите граници, но и здружете ги силите со оние на кои можете да им верувате. 

Околу 28 октомври, со ретроградниот Јупитер во вашата деветта куќа на експанзија и авантура, ќе бидете инспирирани да почнете нови нешта. Некои Ракови ќе се решат за почеток на нов курс или пак конечно ќе посакаат да ја реализираат идејата за сопствен бизнис или друг проект кој е поврзан со нивните лични интереси. 

Со почетокот на ретроградниот Марс на 30 октомври, време е за грижа за себеси каде работата доаѓа на второ место. 

Љубов

На полето на љубовта, октомври ќе биде месец за љубовна романса и убави денови. Во овој период, ќе го најдете она што ви е потребно за да се чувствувате среќно и исполнето, без оглед на вашиот љубовен статус. 

Овој месец почнува со љубовно расположение со оглед на тоа дека Венера о опозиција со Јупитер ве охрабрува да најдете време за своите сакани и да уживате во магијата што ја носи овој период. Ако имате некоја личност која ви се допаѓа, изразете ги своите чувства и поканете ги на љубовен состанок.

Но, имајте на ум дека Меркур е ретрограден до 2 октомври, а потоа ви носи многу подобра енергија да комуницирате, да ги решите конфликтите, но и да започнете љубовна врска.

На 6 октомври, Меркур се поврзува со Плутон што ви носи значаен разговор со вашата сакана личност или некој кој ви се допаѓа. На овој ден, многу веројатно е дека ќе се навратите на некој разговор или ситуација кои се случиле во периодот меѓу 22 август и 27 септември. Ако сте дошле до некаква информација во овој период, потсетете се на тоа. 

Уште една ретроградна планета, Плутон го завршува својот ретрограден од на 8 октомври, но тоа може да ви донесе непријатни информации на ова поле. Ако постојат некои тајни кои се чувале во врската, имајте на ум дека ова е транзит кој ќе ги извади на површина. Осигурете се дека вашите потреби се исполнети, но и прашајте се како сте и што ви е потребно. 

На 19 октомври со квадратот на Венера и Плутон доаѓа до интензивни разговори и големи одлуки на ова поле. Венера е планета на хармонијата, но Плутон е планетата на промените, па затоа можни се нагли потези околу оваа дата. Ако некоја врска веќе некое време требала да биде завршена, ова е датумот на кој ќе ја донесете конечната одлука. Промените се тешки, но имајте на ум дека тие не се секогаш лоши. 

Сатурн беше ретрограден од јуни, па така тој почнува да се движи директно на 22 октомври кога ќе имате можност да направите пауза и да се прашате каде понатаму. Дали сте среќни во тимот во кој работите? Што можете да подобрите? Ако имате колеги кои ви значат и на кои навистина можете да се потпрете, покажете им го тоа. 

По 23 октомври, со влегувањето на Венера во вашата петта куќа на романса и забава, ќе ја ставите страста на прво место. Ако сте сингл, ова е одличен период да излезете од својата школка и да им дадете шанса на своите додворувачи или пак да ги изразите своите симпатии кон некоја личност која ви се допаѓа. Ако сте во врска, ве очекуваат многу огнени и романтични моменти и продлабочување на љубовта.

Околу 25 октомври со соларната еклипса во Шкорпија можно е да дојде до голема промена во вашиот љубовен живот. Ќе се чувствувате како никогаш досега. Ако сте во потрага по љубов, ова е денот кој може да го промени вашиот живот. 

Ако сте во врска, октомври е месец кој ќе влијае одлично на вашата фантазија и ќе ве поттикне да бидете креативни во вашиот однос кон саканата личност. Ќе им приредувате слатки изненадувања, а некои Ракови ќе испланираат и патување. 

Ако сте слободни, почетокот на месецот ви носи потреба за романтични ситуации во кои ќе бидете нагласено заљубливи и занесени.  Можно е да бидете привлечени од личност која ви делува недостижно. Не ги идеализирајте луѓето околу вас пред да ги запознаете подобро. 

Здравје 

Можни се проблеми со желудникот и варењето. Јадете полесна храна.