Месечен хороскоп за октомври 2022: Лав

Октомври нема да донесе значајни промени во животот на Лавовите. Но, кога станува збор за родените во овој знак не треба и нешто значајно да се случи за да се промени нивниот живот.

Ова е месец кога ќе забележите дека постојано се надминувате себеси и дека секој ден се движите напред, а комуникацијата ќе биде значително интензивирана. 

Работа

На полето на работата, ќе успеете да ги покажете своите вештини за критичко размислување и брзо решавање на проблемите, а тоа ќе ви помогне да го зголемите и својот авторитет во тимот. Односите со соработниците и клиентите ќе се одвиваат добро, но можно е навраќање на некои конфликти од минатото. За да не се чувствувате лошо, пробајте да направите компромис. 

Во текот на овој месец ве очекуваат многу нови информации, па од вас зависи како ќе се поставите и како ќе ги искористите. Но, пред да направите било што, одлучете на кој дел од нив им верувате и ако е потребно, добро испитајте за што станува збор. Искреноста е најдоброто оружје овој месец, не заборавајте на тоа. Октомври ви носи многу идеи како да ги подобрите својата репутација и популарност, а со леснотија и оптимизам ќе им пристапувате на своите обврски. 

На 1 октомври, Венера прави опозиција со Јупитер во вашата деветта куќа на експанзија и отворен ум што ќе ви донесе интересен тон на почетокот на месецот, поврзан со љубопитност, но и спонтаност и бунтовништво. Можно е до вас да стигне и некоја позитивна вест или информација. 

Ќе се чувствувате како да го славите овој месец, иако нема да има посебна, конкретна причина за тоа. Со крајот на ретроградното патување на Меркур на 2 октомври ќе имате можност да ја зголемите самодовербата, но и полесно да комуницирате со другите луѓе. Без проблем ќе ги користите својата харизма и шарм и тоа ќе ви донесе плус поени кај сите околу вас. Само е важно да внимавате на финансиите и да не дозволувате тоа да биде извор на стрес за вас. 

На 6 октомври, Меркур се здружува со Плутон и ви носи интересни информации поврзани со вашата работа, финансии и одговорности. Ова е и одличен транзит да смените некои навики кои се дел од вашата рутина. 

Полната Месечина на 9 октомври ви носи можност и моќ да истражувате, па така ќе успеете да се насочите кон нешто што многу ви значи, а ќе биде профитабилно за вас. Не се плашете да поставувате прашања, бидејќи овој период ќе ви ги донесе вистинските одговори. 

На 10 октомври, Меркур влегува во Вага што ја подобрува вашата комуникација и ве прави особено шармантни и допадливи. Ден потоа, на 11 октомври, Сонцето прави хармонично поврзување со Сатурн што ви носи продуктивен период да разговарате за плановите, договорите и очекувањата со другите. 

На 12 октомври, Марс во Близнаци прави квадрат со Нептун во Риби што може да ви донесе мала збунетост, но и мала волја за работа. Ако нешто ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, потпрете се на својата интуиција и не правете избрзани потези. 

Сезоната на Шкорпиите почнува на 23 октомври, а вам овој период ве повикува да се скриете во својот мал свет, подалеку од другите луѓе. Со почетокот на ретроградното движење на Јупитер на 28 октомври ќе почувствувате како да се навраќате на некоја постара верзија од себеси, која била успешна и која ви е потребна повторно. 

Крајот на месецот го носи ретроградниот Марс во Близнаци кој за вас го поставува прашањето што е она што го сакате од животот. Не се плашете, не морате да ги имате сите одговори, некои од нив ќе дојдат до вас спонтано, низ работата и комуникацијата со другите. 

Љубов

Како кралеви и кралици во хороскопот, вам никогаш не ви недостасува внимание. Па така и овој месец ќе уживате во флертот и љубовта.

Меркур престанува да биде ретрограден и ве насочува кон тоа да погледнете кон иднината, наместо минатото. Тоа нема да биде проблем за вас. 

Особено околу 8 октомври кога Плутон го завршува своето ретроградно патување и ви носи убава енергија во вашиот сексуален живот. Ако не сте во врска, ова е период кога ќе посакате да се посветите на љубовта кон себеси. 

Ден подоцна, на 9 октомври, полната Месечина во Овен ви носи силна страст и сензуалност. Уживајте во што и да ви понуди животот, овие денови.

Венера се поврзува со Сатурн на 14 октомври што ви носи одличен период да позборувате за своите цели и соништа со саканата личност. Ова не е претерано романтичен период, туку повеќе продуктивен и фокусиран и носи одлична можност да водите искрени разговори за вашите потреби, но и граници. 

На 18 октомври, Венера се поврзува со Марс и ви носи силна страст и желба за флерт. Искористете го овој транзит за да ја освоите личноста која ви се допаѓа или пак да се зближите со својот партнер, ако сте во врска. 

Сатурн беше ретрограден од јуни, а неговото ретроградно патување завршува на 22 октомври и ви носи леснотија во комуникацијата со другите. Ова е совршена дата да ги признаете своите чувства некому. 

На 19 октомври можни се интензивни чувства, бидејќи сонцето прави квадрат со Плутон. Можна е борба за контрола, па затоа е важно да се воздржите и да не се водите од емоциите и егото. Не се трудите да ги манипулирате другите, ниту пак да дозволувате да бидете манипулирани. 

Ако сте во врска, октомври е убав месец за вас бидејќи вашата сила ќе биде зголемена и ќе носите исправни одлуки во вашата врска. Ќе имате предлози и како да го подобрите љубовниот однос, но и енергија да се потрудите повеќе околу саканата личност. 

Ако сте слободни, можно е да сте заљубени или да се заљубите во личност која ќе ја запознаете преку пријател и која често се појавува на местата каде излегувате. Потребно е да и ги покажете своите чувства, бидејќи таа не може да погоди како се чувствувате. 

Здравје 

Можни се проблеми со забите и чувствителност на времето.