Месечен хороскоп за октомври 2022: Девица

Првиот дел од месецот ќе биде особено интересен за Девиците. Она што се случува за секоја Девица е дека тие секогаш работат напорно, но и го добиваат она што го заслужуваат.

Успехот доаѓа за сите оние со јасни цели, но и со сериозен напор да го добијат она што го посакуваат. Средината на месецот, важно е да се насочите на своите обврски и задачи. Можни се некои непредвидени доцнења и недоследности кои ви го уништуваат расположението, па затоа окружете се со луѓе со кои ќе се чувствувате добро. Крајот на месецот ви носи сериозен ветер не промени, особено во оние области кои ќе посакате да ги поправите. 

Работа

Во текот на октомври, најголем дел од својата енергија и внимание ќе ги насочите кон оние работни задачи кои морале да бидат одложени или кои доцнат поради некои причини. Ова е и период кога ќе дојдете до значаен увид како да ги реорганизирате своите планови, па тоа ќе го постигнете благодарение на својата напорна работа и фокус. 

На првиот ден од месецот, Венера е во вашата втора куќа на финансии во опозиција со Јупитер во вашата осма куќа на инвестиции, па можно е некој да ви врати задоцнет долг или да дојдете до финансиски прилив кој не сте го очекувале. Ако ви е потребно да си купите нешто убаво, ова е одлична шанса за тоа.

Добрите вести ќе продолжат да пристигнуваат бидејќи на 2 октомври Меркур почнува да се движи директно во вашата прва куќа и ви носи можност да ја зголемите самодовербата и да се чувствувате значително подобро. Прифатете ги лекциите за тоа што сте и кои сакате да бидете и уживајте во секој мал љубовен миг кој ќе ви го донесе овој период. 

На 8 октомври, Плутон почнува да се движи директно во вашата петта куќа на романса и ви носи можност да се поврзете со друга личност сосема случајно или пак да ја продлабочите својата љубов кон саканата личност. 

Со влегувањето на Меркур во Вага добивате можност да ги реорганизирате своите финансии, да се занимавате со важна документација и да го средите својот буџет. Сонцето се здружува со Сатурн во Водолија на 11 октомври и ве поттикнува да бидете особено продуктивни. Ќе успеете да продолжите напред и да ги комплетирате своите проекти, но и да се насочите кон исполнување на целите кои ги имате веќе некое време. 

Со квадратот на Марс со Нептун можно е да дојде до збунетост на полето на кариерата. Можно е да ве иритира и мрзеливоста на другите и да дојде до конфликти ако другите се однесуваат спротивно на вашите очекувања. Ако не сте сигурни како да продолжите напред, не ги брзајте работите. 

Вашата комуникација може да биде тешка и да кажете некои зборови кои не ги мислите околу 25 октомври со соларната еклипса во Шкорпија, па затоа многу е важно да внимавате да не ги повредите другите. 

Љубов

Плутон го завршува своето ретроградно патување на 8 октомври што ќе ви донесе бран на самодоверба и леснотија да ги искажувате своите чувства, без оглед на вашиот љубовен статус. 

На 1 октомври, можно е да добиете сладок подарок од саканата личност, а тоа ќе ви донесе одличен почеток на месецот. Ден потоа, на 2 октомври, конечно можеме да го означиме крајот на ретроградниот Меркур кој ви носи леснотија во комуникацијата и изразувањето на чувствата. Ако претходно се соочивте со некаков конфликт или недоразбирање, лесно ќе можете да ја решите ситуацијата од оваа дата, па натаму. 

На 6 октомври, со поврзувањето на Меркур со Плутон, големи се шансите да имате длабок и искрен разговор со личност која ви значи, без оглед на тоа дали сте во врска или не. 

Со означувањето на крајот на сезоната на ретроградниот Плутон, на 8 октомври ќе се нурнете во страст и силна интимност и ќе бидете посветени на уживањето. 

На 9 октомври, под светлината на полната Месечина во Овен ќе успеете да ја зголемите својата самодоверба и да освојувате каде и да се појавите. 

Сезоната на Шкорпиите почнува на 23 октомври и ви носи доза на мистериозност, но и силна страст. Ова е период кога ќе сакате да сакате, но и да бидете интимни со друга личност. 

За време на соларната еклипса на 25 октомври, потрудете се да останете сами, подалеку од другите. Ова е транзит кој има потенцијал да донесе драми и неочекувани краеви, па затоа најдобро е да сте сами. 

Ако сте во врска,  ќе бидете романтично расположени, што ќе ја изненади саканата личност, но и ваквата промена ќе и годи. Ќе посакате почесто да излегувате на романтична вечера и да поминувате време заедно. Но, избегнувајте тајни врски и посебно чувајте се од тајни флертови или пак генерално чување тајни од саканата личност.

Ако сте слободни, повеќе од вообичаено ќе бидете склони кон идеализирање ана другите. Не одете во крајност, туку прифатете ги недостатоците и предностите на другата страна онакви какви што се. Некои Девици ќе бидат пречувствителни, па ќе им биде тешко вистински да се посветат на една личност која е заинтересирана за нив. 

Здравје 

Избегнувајте го студеното време и одмарајте повеќе.