Месечен хороскоп за октомври 2022: Близнаци

Ако сте несигурни околу вашата иднина, не морате со тоа да се соочувате сами. Побарајте поддршка во луѓето околу вас. Споделете ги своите дилеми и стравови. 

Октомври е во знакот на Вагите, што значи дека е време да го отворите срцето и да се поврзете со она што ви е важно. 

Работа

За родените во овој знак, октомври е месец на одлични идеи. Што и да смислите ќе биде корисно и едноставно, а сепак брилијантно. Затоа, само напред, дозволете и на вашата креативност да дојде до израз. До крајот на месецот, ќе успеете да утврдите дека ова бил многу продуктивен и успешен месец за вас. 

Иако нема да можете веднаш да ги реализирате сите свои идеи, сепак битката е веќе почната и вие имате потенцијал да постигнете многу. Сепак, не се присилувајте себеси да работите премногу и да им угодите на другите. Не заборавајте на себе. Обрнете внимание на финансискиот дел особено кога склучувате договори. 

На 8 октомври, Плутон го завршува своето ретроградно патување и ве повикува да се погрижите за своето здравје. Не заборавајте на работата, но направете ги сите рутински прегледи кои се потребни за да се осигурате дека вашето здравје е добро. 

На 9 октомври, полната Месечина во Овен ви носи одлична поврзаност со вашите колеги и соработници. Ќе чувствувате одлична енергија и ќе имате потенцијал да постигнете големи нешта, со поддршка на другите околу вас. Тимската работа е клучна во овој период. 

Бидете внимателни околу 18 октомври кога ќе треба да донесете важна одлука поврзана со финансиите. Можно е да треба да направите некаква реорганизација. 

Сезоната на Шкорпиите почнува на 23 октомври и ве повикува да направите трансформација. Ова е период кога ќе имате самодоверба и поттик и волја да се насочите на големи проекти на работното место, без страв. Но, ова е и период кој ќе ви донесе големи обврски, па важно е да не заборавате дека одморот е важен за да бидете продуктивни. 

Сепак, соларната еклипса на 25 октомври може да ви донесе мали проблеми, па затоа добро е да поминете време подалеку од другите и да не навлегувате во конфликти дури и тогаш кога некој ве провоцира. 

На 28 октомври, Јупитер ви носи огромна промена во вашата десетта куќа на кариерата. Ова е период кога ќе ја подобрите својата репутација на работното место, а некои Близнаци ќе се решат за целосна промена во нивната кариера. Сепак, како што Марс почнува да се движи ретроградно во вашиот знак од 30 октомври подгответе се за мали турбуленции. Марс има големо влијание на тоа како се гледаме себеси, па затоа овој транзит може да ви ја намали самодовербата. Обрнете внимание на своите чувства и не заборавајте колку вредите. 

Љубов

На 1 октомври, месецот почнува со опозицијата на Венера и Јупитер, а тоа носи романтична енергија која може да ви донесе нова личност во вашиот живот. Но, бидете внимателни бидејќи Венера е планета на хармонијата и уживањето, а Јупитер е познат по претерувањето. Што и да направите, не одете во екстреми. 

Ретроградниот Меркур ви правеше проблеми во комуникацијата во изминатиот период и тоа вие бевте еден од најпогодените знаци бидејќи Меркур е ваш владетел. Но, на 2 октомври, Меркур почнува да се движи директно и ви носи помирно море и полесна комуникација со вашите сакани. Ако ви се допаѓа некоја личност, а имавте тешкотија или страв да ги покажете своите чувства, ова е одлично време да го направите тоа. 

На 9 октомври, полната Месечина во Овен ви носи страст и оган во вашите љубовни односи. Ќе се чувствувате како лесно да се разбирате со саканата личност и нема да гледате ниту една пречка во вашиот љубовен однос. За некои Близнаци, контрадикторно, оваа дата може да донесе потреба за малку повеќе слобода, поради влијанието на Меркур кој влегува во вашата петта куќа на романса и креативност. Ќе посакате да го направите она што ве прави живи и среќни, но за некои Близнаци тоа нема да се случи со саканата личност и тоа е во ред. 

На 10 октомври, Меркур влегува во Вага што може да ви донесе поврзување со некоја личност која ви се допаѓала во минатото, а со која не сте имале шанса да се споите од различни причини. На 12 октомври, со влегувањето на Јупитер во вашата куќа на надежи и соништа ќе бидете ориентирани кон иднината. Некои двојки ќе се насочат кон тоа да направат планови за иднината, па така ќе се решат за брак или заеднички живот. 

На 14 октомври, Венера се поврзува со Сатурн и ви носи одлична атмосфера во вашиот љубовен живот. Ако барате љубов, можно е да се поврзете со некој кој е многу јасен во однос на своите потреби и желби во љубовта. Од друга страна пак, ако не сте расположени за љубов, ова е одличен миг да се споите со своите пријатели и да се забавувате. 

Со поврзувањето на Сонцето со Марс на 17 октомври, енергијата е огнена и страствена. Ова се денови кога можете да се поврзете со саканата личност и да поминете квалитетно време заедно, но и да излезете на љубовен состанок, ако сте сами. 

Ако сте во врска, важно е да се посветите на решавање на она што досега создавало недоразбирања во вашиот однос. Можно е комуникацијата да биде отежната, но и двете страни ќе треба да направат напор за да се надминат тешкотиите и недоразбирањата. 

Ако сте слободни, овој период ви носи познанство со личност во која ќе се заљубите на прв поглед, но ќе бидете склони кон идеализација. Октомври е одличен месец за да започнете нова врска. Некои Близнаци ќе остварат контакт со  љубов од минатото, но каде ќе ве однесе тоа, зависи од вас. 

Здравје 

Здравјето е добро, овој месец. Имате многу енергија.