Месечен хороскоп за октомври 2020: Шкорпија

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Не е момент за драстични промени на ова поле, па затоа не правете големи планови, туку одете чекор по чекор. Подгответе го теренот и бидете подготвени за акција. Дајте им помош и поддршка на колегите, зацврстете ги своите позиции на работа и покажете праведност и доследност. Прашањето на доверба е клучно за тимската работа, а тимот е клучен за завршување на сите преостанати задачи овој период. Не вложувајте во нови и непроверени проекти.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период кога интуицијата ќе ви биде на високо ниво, па ќе бидете понежни во комуникацијата со саканата личност. Ќе успеете и да ги изразите своите желби, така што целиот месец добро ќе се разбирате со саканата личност. Ова е добар период за зближување, но и заеднички планови за иднината. Уживајте во сите убави нијанси на вашиот однос. 

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии ќе посакаат да привлечат нечие внимание, но не се потпирајте на начините кои ви се сигурни, туку потрудете се да бидете иновативни. Покажете иницијатива, покажете интерес и останете отворени. Не се трудете да бидете тврдоглави, само опуштете се.

Здравје

Можни се проблеми со видот и очниот притисок.