Месечен хороскоп за март 2021: Водолија

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

На почетокот на март влегувате во еден од подобрите периоди на ова поле. Имавте доволно време да согледате во што сте успешни, а што не ви оди толку добро, па така ова е месец и кога точно ќе знаете како да се позиционирате и што да правите. Ако дојде до некои проблеми на работа, брзо ќе се прилагодувате и тоа нема да ви создава голем стрес. Финансиите се подобруваат, а можна е и дополнителна работа, доколку ја барате.

Венера на 3 март прави секстил со Уран што ќе ви донесе подобрување на вашето финансиско салдо. Можно е покачување на платата за некои Водолии, кое доаѓа неочекувано. На 4 март, Марс влегува во Близнаци а тоа ќе ве направи покреативни и ќе ви донесе мотивација да се вложите во креативни проекти. Конјункцијата на Марс и Јупитер ви носи неверојатна шанса да отпочнете проект за кој одамна сте размислувале. Особен успех ги очекува оние Водолии кои се занимаваат со програмирање и модерни технологии.

На 15 март, Меркур влегува во Риби што бара од вас да бидете внимателни со управувањето со парите. Можни се тешкотии во однос на планирањето на приходите и расходите, или претерано трошење кое треба да се потрудите да го избегнете. На 20 март, Сонцето влегува во Овен, а ден потоа и во Венера што ви носи голема поддршка од влијателна личност.

Ова е месец кога хонорарната работа би можела да ви донесе големи приходи. Невработените Водолии ќе добијат шанса за вработување во секторите поврзани со трговија, комуникации, финансии и менаџмент.

Љубов

Ако сте во врска, конјункцијата на Сонцето со Нептун ќе ви донесе оптимистички поглед кон љубовта и топол пристап кон саканата личност. Ќе се чувствувате како лесно да се разбирате, особено ако сте во врска која е на цврсти темели на љубов и доверба. Ако сте во токсична врска, можно е да донесете нагла одлука да ја оставите таа личност позади себе и никогаш веќе да не ја видите. 

Ако сте слободни, почетокот на месецот ви носи ситуација во која ќе ги идеализирате сите кои ќе ви пристапат и нема да можете реално да ги гледате работите. Но, една личност ќе се издвои во толпата и ќе се чувствувате како тоа да е некој со кој можете да започнете врска. Вториот дел од март ви носи романтична љубов. 

Здравје

Ви се враќаат енергијата и оптимизмот.