Месечен хороскоп за јуни 2023: Вага

Јуни ви носи можност да здивнете од сите обврски.

Работа

Се чувствувате како нешто да се подготвува на вашето работно место, а овој месец ќе ви покаже дека вашата интуиција е во право. Веројатно станува за нов начон на работа, па затоа ќе биде потребно да ја реструктурирате својата работа и да бидете адаптибилни во однос на барањата. 

Можни се и понуди од страна на некои силни, моќни и влијателни фирми или личности кои ќе ви дадат добра понуда за работа. Но, пред да донесете одлука не дозволувајте да бидете понесени само од финансиите, туку од целокупниот пакет кој ви се нуди. Во текот на средината на месецот, може да дојде до промена на однесувањето на некои ваши колеги. Би било добро да не почнувате никакви посериозни дискусии со Лав или Рак. Не инсистирајте на соработка со луѓе со кои не се согласувате најдобро.

На 3 јуни  ја имаме полната Месечина во Стрелец која ве зближува до колегите и ви помага да го постигнете зацртаното, за повисока цел. 

На 11 јуни, Плутон влегува во Јарец и ве поттикнува да бидете активисти на работното место. Големи се шансите во овој период да започнете или да се приклучите во синдикат или пак на друг начин да ги изразите своите ставови. 

Со влегувањето на Сатурн во Риби и неговото ретроградно патување на 17 јуни, ќе треба да обрнете внимание на своето ментално здравје. 

На 26 јуни, кога Меркур влегува во Рак ќе бидете храбри во комуникацијата, а со тоа и ќе изградите авторитет меѓу луѓето. Крајот на месецот, 30 јуни кога Нептун почнува да се движи ретроградно е одличен ден за одмор.

Љубов

Слободните Ваги чувствуваат силна привлечност кон еден Овен или Стрелец, но ако станува збор за познанство кое не траел долго, треба да се осигурате дали таа личност е слободна. Некои Ваги ќе бидат во можност да запознаат личност која ќе им се допадне многу, а веројатно станува збор за уметник, спортист или некој кој живее надвор од земјата.

Оние Ваги кои се во врска, имаат мал проблем со тоа што не ги разбираат целосно потребите на партнерот. Покрај себе имате личност која не е секогаш јасна во својата  комуникација, па затоа вие треба да ги поставите вистинските прашања. 

Вие сте управувани од Венера и често можете да се нурнете во романса без да размислите многу, но ова е месец кој ви носи луѓе кои ќе ви даваат љубов и поддршка. 

На 5 јуни со влезот на вашата Венера во Лав ќе бидете поттикнати да минувате повеќе време со вашите сакани. За оние Ваги кои се слободни, ова е период на љубовни средби и нови познанства. 

На 18 јуни, со младата Месечина во Близнаци, вашата харизма и самодоверба ќе бидат на највисоко ниво. Искористете го ова за да ја подобрите комуникацијата со саканите или пак да освоите нова личност, ако сте слободни и во потрага по љубов. 

Со почетокот на сезоната на Раковите, Сонцето влегува во вашата десетта куќа на социјален статус. Прифатете ги поканите за дружење и дозволете во вашиот живот да влезат луѓе кои ќе го променат вашиот живот.

Здравје  

Можен е мал пад на имунитетот.