Месечен хороскоп за јуни 2023: Шкорпија

Уживањето е на прво место во јуни. 

Работа

Овој период ви носи зголемени амбиции и потреба општествено да се ангажирате на одредени полиња. Некои денови ќе ви носат поголеми дилеми, но генерално јуни е поволен месец за Шкорпиите кои работат со странство или работат работа која им помага да бидат присутни во медиумите. Некои претставници на женскиот род ќе добијат унапредување во текот на овој месец. Ви годи соработката со Бик и други Шкорпии, но не и со Рибите. 

На 3 јуни, полната Месечина во Стрелец е во вашата втора куќа на ресурси. Вообичаено полните месечини носат кулминација, па затоа очекувајте важна комуникација на овој датум. 

На 5 јуни со влегувањето на Венера во Лав во вашата десетта куќа на социјален статус, очекувајте унапредување, покачување, но и огромна харизма која ќе ви помогне да се поврзувате со интересни луѓе. На 11 јуни, со влегувањето на ретроградниот Плутон во Меркур ќе бидете посветени на изнаоѓање баланс меѓу работата и личниот живот. 

Љубов

Љубовниот живот ви е малку комплициран овој месец, но вие и натаму сте во можност да се покажете во најдобро издание пред саканата личност. Исполнете ги своите ветувања и држете се до својата врска како важен темел на вашето постоење. Само избегнувајте паралелни врски, тоа нема да ви донесе ништо добро.

Слободните Шкорпии ќе имаат афинитет кон романтични личности, но и некој кој е таинствен. Но, нема потреба за големи анализи, ако некој ви се допаѓа, дајте му шанса.

Заокружете го 17 јуни во вашиот календар бидејќи на овој датум на прво место ќе ви биде задоволството. Страста ќе гори во вас и само ќе сакате да уживате. Ден потоа, младата Месечина во Близнаци ви носи можност да се опуштите и да се посветите на романсата. 

Почетокот на владеењето на Раковите на 21 јуни носи убава енергија на ова поле. Ваше  е само да се препуштите на уживањето. 

Здравје

Потребно ви е да се движите повеќе.