Месечен хороскоп за јуни 2023: Овен

Јуни носи искрички во вашиот љубовен и социјален живот. 

Работа

За многу претставници на овој знак, јуни е значаен период на ова поле. Ќе бидете ангажирани во многу активности, а особено ќе уживате во активностите кои се поврзани со јавноста. Но, внимавајте кому што зборувате, што изјавувате и како се поставувате, особено ако работите со странци. 

За некои претставници на овој знак, можно е одложување на некое патување или пак неможност за склучување договори, но полето на финансии ќе остане стабилно. Ако посакувате да вложите пари во нешто, осигурајте дека работите се солидно поставени. Ако сте родени на почетокот на владеење на вашиот знак, овој период ви носи зголемена амбиција, а за оние родени на крајот на знакот, многу поволни можности се отвораат во соработката со луѓе кои се на добри или влијателни позиции. 

Сезоната на Близнаците ви носи многу обврски, но и поврзување со колегите и градење на тимскиот дух. Вие вообичаено сакате да сте лидерски настроени, но ова е период кога тимот ќе ви биде на прво место. 

На 11 јуни кога Плутон ќе влезе во Јарец и ќе остане во следните 19 години, ќе имате можност да воспоставите баланс меѓу работата и личниот живот. Ќе ви биде важно да поставите јасни граници и да најдете мир и одмор, наместо постојано да сте загрижени за работата.  Но, на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што ви носи силни комуникациски способности и можност да се изразите целосно. 

На 17 јуни, Сатурн почнува да се движи ретроградно во Риби. Оваа планета е позната по дисциплината и одговорноста и почитувањето на правилата. Но, кога е ретроградна, доаѓа до мал хаос, па затоа бидете подготвени. Ден потоа, младата Месечина е во вашето поле на комуникацијата, а  тоа ви носи нови почетоци и самодоверба. 

Љубов

Полето на љубовта нема да ви се чини претерано стабилно, бидејќи можна е љубомора и посесивност од страна на саканата личност, за оние кои се во врска. Можни се и непријатни дијалози. Важно е во текот на овој месец максимално да и се посветите на саканата личност и да и покажете колку ви значи.

Слободните Овни ќе се чувствуваат како да не се разбрани, но еден Јарец ќе ви покаже дека е добра личност за врска. Ако ви се допаѓа Водолија или Близнаци, ќе морате да бидете похрабри во искажувањето на вашите симпатии. Земете ги работите во свои раце. 

Во текот на мај, вашиот љубовен живот се вжешти, а работите продолжуваат во полна пареа и понатаму. На 3 јуни ни доаѓа полната Месечина во Стрелец, што може да донесе мала драма во љубовните односи. Но, работите стануваат послатки штом Венера ќе влезе во вашата петта куќа на задоволство на 5 јуни. Ќе посакате да се поврзувате со нови личности, да уживате со саканата личност ако сте во врска и генерално да се препуштите на задоволството. 

Ако чувствувате потреба за големи промени во вашиот љубовен живот, имајте на ум дека Плутон е ретрограден, а тој во вас буди голема потреба за промени и трансформација.

Со почетокот на сезоната на Раковите на 21 јуни ќе бидете поемотивни од вообичаено. Како прв знак во хороскопот, вообичаено се буди детето во вас и тоа се забележува. Но, на 26 јуни со влегувањето на Меркур во Рак во вашата четврта куќа на домот и семејството ќе бидете потсетени да поработите на своите емоции и да се соочите со она што сте го одложувале некое време. 

Здравје 

Можна е настинка и главоболки предизвикани од честите промени на времето.