Месечен хороскоп за јуни 2023: Девица

Јуни најавува убави промени за Девиците. 

Работа

Овој период им одговара на повеќето претставници родени во овој знак. Но, имајте на ум дека поради вашата самодоверба може да дојде до помали проблеми во комуникацијата со шефовите. Имате поддршка од една Водолија или Овен, на кои целосно можете да се потпрете. Трудете се барем во првата недела на јуни да го дадете својот максимум, а потоа да ги собирате плодовите од својот труд. 

Ако работите со некој Јарец, можеби ќе треба да ги убедувате подолго време, а и да ги уверите во своите добри намери. Девиците кои се занимаваат со креативна работа же бидат прилично успешни. Можеби ќе се обидете некому да ја наметнете својата волја и да дојдете до успех, но тоа ќе биде само пирова победа. 

На почетокот на месецот, со полната Месечина во Стрелец ќе се најдете во ситуација каде вашите соработници ќе се борат за моќ, па затоа пуштете ги работите да се одвиваат сами од себе. Одморете од луѓето, ако тоа ви е потребно. Ако се занимавате со големи и важни нешта и потези, правете го тоа зад кулисите, далеку од очите на другите. 

На 11 јуни, ретроградниот Плутон влегува во Јарец што ќе ве поттикне да размислите за балансот меѓу работата и личниот живот. Ако сте премногу внесени во професионалните обврски, овој транзит ве потсетува на значењето на одморот. 

Младата Месечина во Близнаци на 17 јуни ќе ви даде поддршка во појаснувањето на вашите кариерни надежи и ќе ви помогне да поставите јасни цели и чекори. Ако посакувате нова позиција или работно место, овој датум е клучен да го изразите интересот за тоа. 

Летната рамноденица и почетокот на сезоната на владеење на Раковите за вас најавува период исполнет со многу соработки и социјални можности. Ќе се посветите на вашите најважни приоритети и ќе бидете инспирирани да делувате за промени. 

Љубов

Љубовниот живот на поголем дел од родените во овој знак би можел да им носи стрес, но во многу случаи без причина. Не анализирајте премногу, особено работи кои не можат да се анализираат бидејќи се такви какви што се. Ако сте во врска со Риби, Бик или Девица, очекувајте нарушена комуникација. Ако направите грешка, извинете се.

Слободните Девици ќе имаат шанса да влезат во врска со една Шкорпија, а крајот на месецот ви најавува романтична средба со посебна личност.

Со поволниот транзит на влегувањето на Венера во Лав на 5 јуни, ќе се запрашате дали добивате онолку колку што им давате на другите? Време е да се постават граници и точно да одредите што ви е потребно. 

На 17 јуни, Сатурн почнува да се движи ретроградно во Риби во вашата седма куќа на партнерства што ќе ве натера да се посветите на прашања поврзани со вашиот личен живот, но и вашиот пристап кон љубовта. Можно е да добиете потреба да направите мала пауза од љубовта и романсата. Ден потоа, на 18 јуни,  младата Месечина во Близнаци е во вашата десетта куќа на социјален статус што е предупредување да не носите големи одлуки на ова поле околу овој датум. 

Сезоната на Раковите пристигнува на 21 јуни што ви носи убав период на создавање спомени со вашите сакани. 

Здравје 

Внимавајте во сообраќајот.