Месечен хороскоп за јуни 2023: Близнаци

Јуни носи вистински рај во вашите љубовни односи. 

Работа

Не би можело да се каже дека влегувате во сјаен период освен ако не сте вистински тип на личност која сака да работи постојано. Ова е месец кој од вас ќе бара да се посветите максимално на работата, што ќе ви донесе успех и добивка, но исто така би можело и да ве измори. Ако дојде до некаква понуда од странски партнери, подгответе се да ја прифатите понудата, но и да се посветите на повеќе работа. 

Средината на месецот може да ви донесе подобра позиција на работното место со поддршка на некоја значајна жена во вашата околина, а крајот на месецот може да донесе и почеток на нова работа. Ако се занимавате со работа поврзана со уметност или медиуми, тоа може да ви донесе интересна понуда од личност родена во Риби. 

Плутон, кој е владетеле на подземниот свет и потсвеста влегува во Јарец на 11 јуни што ќе ви донесе силна потреба за финансии, но и посветеност да дојдете до поголема заработка. Внимавајте само во овој период да не влегувате во конфликти со другите, особено на теми поврзани со политика.

На 17 јуни, Сатурн почнува да се движи ретроградно во Риби во вашата десетта куќа на социјален статус. Сатурн е владетел на одговорноста и правилата, па кога е ретрограден, тоа може да ве направи спонтани и во ситуација да заборавите на правилата. Летото е тука и треба да го прославиме, но внимавајте да не пропуштите важни рокови. 

Љубов

Јуни е возбудлив за оние претставници на вашиот знак кои сонуваат за страствена авантура в о врска со личност која во изминатиот месец ве фасцинираше до таа мера да не можете да престанете да мислите на неа. Ако сте слободни, можно е да воспоставите комуникација со Овен или Шкорпија, но тие ќе ви делуваат премногу напорни на моменти. 

За оние Близнаци кои се во врска, јуни носи патување со саканата личност, но ако вашиот партнер е Лав или Рак, можно е незадоволство во врската. 

За среќа, на крајот на претходниот месец, Меркур го заврши своето ретроградно патување што сега во јуни ја олеснува комуникацијата на ова поле. На 3 јуни, полната Месечина во Стрелец е во вашата седма куќа на љубов и партнерства што може да ви донесе значаен настан или ситуација на ова поле. Заокружете го овој датум во вашиот календар. 

Два дена подоцна, на 5 јуни, Венера влегува во храбриот Лав во вашата трета куќа на комуникација што ќе ви донесе сентименталност, но и бестрашност во искажување на своите емоции. Ова е особено поволен транзит за Близнаците кои се слободни, а на кои им се допаѓа некоја личност на која се плашеле да и пријдат.

Младата Месечина во вашиот знак на 18 јуни носи нова ера во вашите љубовни односи. Ова е значајна дата за вас бидејќи носи големи, а убави нешта на ова поле. Што и да започнете во овој период или на што и да се решите ќе ви донесе љубовен успех. 

Со влегувањето на Меркур во емотивниот Рак на 26 јуни можно е малку да се чувствувате исплашени да ги покажувате своите чувства, а ќе чувствувате многу. Пробајте да најдете баланс и да не дозволите емоциите да вријат во вас. 

На 30 јуни со почетокот на ретроградното патување на Нептун во својот домашен знак во Риби, можно е да се соочите со тешки вистини за себеси. Пробајте да не се лутите кога луѓето ќе ви дадат добронамерна критика, особено ако тоа доаѓа од саканата личност. Ова е транзит кој ќе ви покаже што е навистина важно за вас. 

Здравје  

Брзоплети сте, внимавајте на повреди.