Месечен хороскоп за јуни 2023: Бик

Јуни ви носи можности за авантура со вашите блиски пријатели и сакани. 

Работа

Јуни ќе биде најуспешен за оние Бикови кои се занимаваат со мода, кои имаат некаква поврзаност со уметност и медиуми или пак имаат намера да започнат нов бизнис. Ако планирате да преминете на ново работно место или пак сакате да внесете некакви новини во својата работа, овој период ви е наклонет. Ќе ви годи соработката со Шкорпиите, Лавовите и Рибите, но не внесувајте премногу нови иновации и фокусирајте се на она што го работите. Работата со странство ќе ви оди од рака, но тоа може да ви донесе и дополнителни понуди и да ви овозможи да го проширите својот круг на соработници. Јуни ви најавува влегување во нов период во кој ќе се покажете како лидери во својата средина.

Плутон го продолжува своето ретроградно патување, а на 11 јуни тој влегува во Јарец. Ваквиот транзит ќе ве направи попосветени на работата, поодговорни, но внимавајте да не се преморите. Големи се шансите во овој период да си поставите големи прашања поврзани со работата, функционирањето на економијата и големите системи. Но, она што е важно за вас е евалуацијата до каде сте и каде се наоѓате на вашето професионално патување. 

На 26 јуни, комуникативниот Меркур влегува во Рак во вашата трета куќа на комуникација и ви носи силна доза на самодоверба. Лесно ќе ги изразувате своите потреби и граници меѓу професионалниот и личниот живот. 

Љубов

Ова е прилично возбудлив период во кој би можеле да дојдете до искушение да влезете во врска со некој кој не е слободен. Не си дозволувајте паралелна врска бидејќи иако тоа може да ви донесе мало уживање, сепак негативно ќе влијае на вашето ментално здравје. Како и да е, имајте на ум дека имате многу различни опции, а во текот на јуни ќе привлекувате многу интересни личности, од кои некои ќе бидат амбициозни. 

Романтичните Бикови родени во април би можеле да влезат во врска со друг Бик, Риби или Јарец. Со огнените знаци нема толку добро да се сложувате. 

Месецот почнува на совршен начин со поврзувањето на Јупитер и Северниот чвор на судбината во вашиот знак на 1 јуни. Ова е редок момент кој носи огромна среќа за сите знаци, а особено за вас. 

Со продолжувањето на сезоната на Близнаците ќе се фокусирате на финансиите, ресурсите, луксузот и магијата во вашата втора куќа на ресурси. 

На 3 јуни ни доаѓа полната Месечина во Стрелец која за вас носи задоволство и нагласена сензуалност. Благодарение на влијанието на Стрелецот, ќе се чувствувате одлично. Ваквата енергија продолжува со влијанието на Венера, вашата владетелка која влегува во Лав на 5 јуни.

Со влегувањето на Меркур во Близнаци на 11 јуни, ќе бидете благодарни за она што го поседувате, но ќе посакате и да поставите финансиски цели. 

На 17 јуни, одговорниот Сатурн влегува во забавните Риби и ви носи поголема потреба да го минувате своето слободно време во друштво на пријателите. Ќе имате потреба за авантури, за рушење правила и да водите убави разговори. Тој викенд, на 18 јуни ја носи и младата Месечина во Близнаци која ви носи одлично чувство.

Почетокот на сезоната на Раковите на 21 јуни најавува поголем одмор, но и време поминато со оние кои ви значат. Ќе сакате да се посветите на слатки моменти, без оглед на вашиот љубовен статус. 

Здравје  

Можна е настинка. Избегнувајте студени и газирани пијалоци.