Месечен хороскоп за јули 2024: Девица

Ова е месец посветен на емоциите.

Љубов

Емоционално, ќе се најдете како истражувате во вашите мисли и чувства барајќи модели и когнитивни грешки - овој период на саморефлексија ќе биде корисен на долг рок, помагајќи ви да се усогласите со вашето вистинско јас. Емоционалната поддршка од блиските пријатели и семејството ќе биде светилник да ве води низ овој турбулентен период, во кој можете да стекнете важни сознанија, кои можат да бидат болни. Повторното разгорување на поранешната љубов може многу да придонесе за лични откритија, ставајќи ве во ситуација да размислите дали е можност да започнете одново или засекогаш да го затворите кругот.

Во партнерските односи може да почувствувате поголема потреба за простор и време за себе, за осаменост и независност, кои ви се потребни за да ги активирате вашите интелектуални способности и да се грижите за себе. Партнерот може да се чувствува запоставено, па треба да му објасните дека треба малку да се оддалечите од него, за да се зближите со вас. Погрижете се за возврат да го зголемите квалитетот на вашето време заедно, бидејќи тоа ќе го избалансира недостатокот на квантитет.

На 2 јули, Нептун го започнува своето ретроградно патување во Риби. Ова е ресторативен период за вашите љубовни односи. Ако сте заглавени во лоша врска или токсичен однос, ова е период кој ќе ви помогне да излезете од тоа.

Младата Месечина во Рак на 5 јули е одличен момент за поврзување со нова личност, за слободните Девици. Ако сте во врска, ќе можете да се посветите на подобрување на односот со саканата личност. Палас, астероидот на мудроста почнува да се движи директно во Шкорпија на 9 јули, што е одличен период за потенцијални тешки разговори. Не се плашете од она што ќе го кажете или слушнете, бидејќи целт на овој период е да ви помгоне да ги надминете недоразбирањата во вашите љубовни односи и да го намали стресот на подолг рок.

На 11 јули, љубовната Венера влегува во вашата дванаесетта куќа на потсвеста, што ќе ве поттикне да ја слушнете својата интуиција. Дозволете му на срцето да ве води во овој период. Полната Месечина во Јарец на 21 јули ја осветлува вашата петта куќа на задоволство. Ова е време на страст, интимност и романса. Уживајте!

Работа

Ова е месец на раст и напредок - имате можности да ги проширите своите хоризонти, како во однос на групите вештини, така и во однос на одговорностите. Може да откриете зголемен интерес за учество во инвестициски проекти, во обид да најдете дополнителни извори на приход. Тоа може да биде драгоцено искуство, што ќе доведе до севкупен финансиски раст и стабилност. Исто така, овој месец ќе покажете поголема отпорност на надворешните влијанија и самоуверено ќе се потпрете на својата проценка и интуиција. Вашата самодоверба може да ви донесе успех, преку напорите и стремежите што се осмелувате да ги преземете. Во последниот дел од месецот, на 20 јули, воинствениот Марс влегува во вашата десетта куќа на јавен имиџ. Овој транзит ви носи бран на силна енергија во вашиот професионален живот.

Здравје

Внимателноста е клучна овој месец – иако нема големи притисоци и грижи, може да се појават мали нерамнотежи ако ги занемарите секојдневните рутини. Посветете посебно внимание на вашите зглобови и држење и дадете приоритет на спиењето, одржувајте урамнотежена исхрана и практикувајте вежби за медитација или внимателност за да ја одржите менталната смиреност и фокусирање.