Месечен хороскоп за јули 2020: Вага

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Овој месец ќе добиете помош и тоа од влијателни личности во вашето работно окружување. Сфатете го тоа како комплимент за потенцијалот кој го гледаат во вас, а не како некаква навреда. Планетите се на ваша страна во текот на јуни, па добро би било да го искористите ова влијание за да ги завршите оние работи од кои долго се плашевте. Овој месец сте на вистинско место во вистинско време, па затоа делувајте брзо.

 Љубов

Ако сте во врска: Ова е период на соочувања и искреност, што може да донесе разочарување кај некои Ваги. Ќе бидете нетрпеливи, но уште полошо, ќе носите погрешни проценки. Трудете се само да не реагирате брзо и подипломатски да пристапувате на сите ситуации. Вие сте објективни и дипломатични, искористете го тоа овој јули.

Ако сте слободни: Слободните Ваги ќе се нишаат на емоционална нишалка овој месец, се додека не им стане досадно. Можно е да се чувствувате несигурно и нестабилно. За вас не е време за нова љубов, туку за соочување со себеси. 

Здравје

Ќе морате да научите како да го контролирате стресот и бесот, бидејќи тие ви предизвикуваат други здравствени проблеми.