Месечен хороскоп за декември 2022: Близнаци

Подгответе се за сјаен крај на годината, во ваш стил.

Работа

Декември е месец кој би можел да ви донесе мал хаос на ова поле, особено поради тоа што ве очекува фаза во која ќе бидете склони кон носење нагли одлуки, но и претерување во некои аспекти. Можни се и одредени конфликти со вашите надредени, што ќе направи да се чувствувате како да сте под силен притисок  и тензија. 

Но, ако планирате било каква промена на работното место, ова е добар период за тоа бидејќи ќе ви донесе можност со која ќе бидете искрено задоволни. Насочете се на своите приоритети и во натамошниот период.

Можете да го искористите почетокот на месецот уште еднаш да ги разгледате своите планови за натамошниот период и да се подготвите за нешто ново. Важно е да ги воочите евентуалните пропусти во вашите планови, особено оние ситници на кои не им обрнувавте планови досега. Од вас ќе се бара да бидете организирани и да ги завршите важните договори, а вие често немате трпение за тоа. Посебно внимавајте на финансиските калкулации и евентуални манипулации од луѓе на кои не им верувате.

Марс, планетата на страста и конфликтот уште е ретроградна во вашиот знак што може да ви донесе нервоза и вознемиреност. Тоа ќе се отслика во вашиот однос кон колегите. Дополнително, со опозицијата на Венера со Марс на 1 декември ќе се чувствувате како да морате да се соочите со некои од вашите колеги. 

На 6 декември, со влегувањето на вашата планета Меркур во Јарец ќе се чувствувате храбри да им кажете не на колегите кои ви даваат совети без потреба и на оние соработници кои не ги почитуваат вашите граници. 

Следниот ден, на 7 декември, ни ја носи полната месечина во вашиот знак. Тоа може да донесе драма, па и озборувања, затоа чувајте се од сето она што ви штети. Не дозволувајте и на драмата да ве понесе. 

Но, за среќа, Јупитер влегува во вашата 11та куќа на заедништво и мрежи на 20 декември што ќе ви помогне да сфатите колку е важна соработката и тоа да ги познавате и да имате добра соработка со вистинските луѓе. Соберете ја поддршката која ви е потребна и тргнете во својот поход. 

Со почетокот на сезоната на Јарците на 21 декември очекувајте напорен период, кој ќе ве држи зафатени до крајот на годината. Младата Месечина во Јарец која ни доаѓа на 23 декември носи голема трансформација за вас, драги Близнаци. Тоа значи дека точно ќе знаете што сакате следно и како да дојдете до тоа. Не се плашете да побарате нова работа или унапредување или пак да заминете од она сте го надраснале.

Љубов

Ова е месец кога во одредени периоди ќе бидете склони да го губите разумот. Можно е да реагирате кога сте лути или пак да бидете раздразливи. Тоа може да донесе до погрешни одлуки на ова поле, па затоа бидете внимателни. Ако сте слободни, можно е да ви е малку потешко да склопувате нови познанства. 

За Близнаците кои се во врска, се буди романсата, а друштвениот живот станува подинамичен. Ова е идеален период за романтични средби, но и собирања во друштво, кои ќе ви дојдат добро и на двајцата.

Слободните Близнаци би можеле да имаат потреба од поддршка и совети од своите пријатели. Преку вашето друштво би можеле да запознаете личност која ќе ве заинтригира и која ќе направи да се чувствувате сакано и самоуверено. Дајте  и шанса. 

Младата Месечина во Јарец на 23 декември е одличен ден да испробате нови фантазии со саканата личност или пак да бидете храбри и да се впуштите во авантура со личноста која ви се допаѓа. Уживајте во оваа ноќ, бидејќи таа ви најавува големо задоволство, само ако си го дозволите тоа. Само, не дозволувајте да скршите нечие срце. 

Бидете внимателни по 29 декември кога почнува ретроградниот Меркур бидејќи ова може да донесе период на недоразбирања со другите. Не го кажувајте она што не го мислите и не ги сфаќајте нештата кои ви се кажани, премногу лично. 

Здравје 

Можно е да се појават нови тегоби. Не ја одложувајте посетата на лекар.