Месечен хороскоп за декември 2020: Шкорпија

Драги Шкорпии, време е да се опуштите и поврзете со семејството!

Тешко е да не замислувате дека ќе се случи најлошото, особено земајќи го предвид вашиот карактер, но потрудете се да не го правиете тоа, овој месец. Тоа е ваш начин да се справите со тоа што не можете да го контролирате и иако е тешко, потрудете се да не го правите тоа, бидејќи влијае на вашето здравје и благосостојба.

Нема потреба да бидете премногу екстремни, но потрудете се да изградите здрави и корисни навики кои ќе додадат на вашата среќа во текот на декември. Особено бидејќи работата ќе биде рутинска, а сепак ќе ве истоштува повеќе од вообичаено. 

Со Венера - планетата на убавината и љубовта во вашиот знак, најдете време и да си кажете себеси колку вредите. Овој декември ќе копнеете по длабока поврзаност, отфрлајќи се што ви делува површно, но бидете внимателни да не ги отрфлате луѓето пред да ги запознаете. На 16 декември, Венера влегува во Стрелец, помагајќи ви полесно да се поврзете со другите и поопуштено да и пристапувате на љубовта.

Овој месец ви носи поврзување и со семејството, ќе се трудите да запознаете кои се вашите корени бидејќи сметате дека тоа ви помага да осознаете каква е вашата иднина.