Месечен хороскоп за август 2022: Вага

Овој месец е период на трансформација за вас, па затоа раширете ги крилјата.

Ако се чувствувате како да сте под стрес на почетокот на месецот, не дозволувајте тоа да направи да се чувствувате лошо. Иако доаѓаат некои неизвесни ситуации, сепак августовскиот хороскоп ве носи кон успех. 

Работа

На 1 август, Марс ги здружува силите со Уран и ви носи трансформација која може да донесе ново работно место, па дури и преселба во друга држава поради работата. Минувате низ многу значаен период, па затоа обрнувајте внимание на сите знаци на универзумот. 

На почетокот на месецот, Сонцето прави тригон со Јупитер и ви носи одлични можности за подобрување на соработката на сите полиња. Проектите во кои учествувате ќе бидат реализирани со голема леснотија и ќе почнете повеќе да заработувате.

На 4 август, Марс влегува во Девица кога ќе ве поттикне да направите тајни планови далеку од очите на јавноста и да ја подобрите својата позиција на работа. 

На 9 август бидете внимателни околу луѓето на работа кои се претставуваат како ваши пријатели и поддржувачи, бидејќи некој од нив би можел да ве разочара. Ова е денот кога вашата владејачка планета Венера е во опозиција со темниот Плутон, што може да предизвика љубомора. Некогаш е подобро да го прославите успехот сами, отколку пред другите кои не секогаш го посакуваат најдоброто за вас. 

За среќа, Венера влегува во вашата единаесетта куќа на заедница на 11 август и ги подобрува вашите односи во тимот и ви носи многу можности за соработка. Осигурајте се дека сте опкружени со луѓе кои заслужуваат да се околу вас и кои ве инспирираат да создавате. Во текот на вечерта на 11 август, полната Месечина во Водолија ја осветлува вашата петта куќа на креативност и ви носи многу идеи кои ќе посакате да ги реализирате. Ќе бидете како разиграно мало дете кое го има целиот свет пред себе и може да постигне што и да посака. Овој транзит ја буди и страста во вас во однос на вашата работа, што е добро особено ако во последно време се чувствувавте заспани.

Ако почетокот на месецот ви делува тешко, ќе го добиете заслужениот одмор околу 18 август. Тоа е денот кога Венера формира тригон со Јупитер во Риби и ви носи позитивно расположение. 

На 22 август почнува сезоната на Девиците и за вас носи потреба да започнете нешто сосема ново. Тоа можеби е нова работа или нов проект, но пред да го направите тоа, не заборавајте на одморот. Најдете време за дремка по долгиот и напорен ден, одете на спиење порано или пак потрудете се да минувате повеќе време во природа. 

Почетокот на ретроградното движење на Уран на 24 август ве повикува да го преиспитате својот однос кон работата и продуктивноста. Ден потоа, на 25 август, Меркур влегува во вашиот знак и ви помага лесно да ги изразите своите потреби. Ако сакате да добиете нешто на вашето работно место, сега е моментот за тоа. 

Љубов

Околу 11 август можеби ќе сфатите дека сте заљубени во близок пријател и ќе се препуштите на чувствата. Истиот ден, со полната Месечина во Водолија во вашата петта куќа на задоволството ќе ви донесе силна потреба да уживате без оглед на вашиот љубовен статус. Ако ви се допаѓа некоја личност, поканете ја на средба на овој ден и дозволете и на магијата да навлезе во вашиот живот. 

На 18 август слатката Венера прави тригон со Јупитер во вашиот сектор на романсата и ве прави заљубени и романтични. Ќе посакате да поминувате убаво и квалитетно време со другите луѓе, а оние Ваги кои не се заљубени, би можеле да ја најдат љубовта токму тогаш. Ова за вас ќе донесе чувство како да сте на Денот на заљубените бидејќи љубовните искри ќе бидат насекаде. 

На 25 август кога Меркур влегува во вашиот знак ќе бидете сигурни во себе и ќе се подготвите да отворите важни теми со саканата личност. Ќе можете лесно да комуницирате и да објасните што сакате, што ќе наиде на големо разбирање и одличен фидбек од другата страна. Со младата Месечина на 27 автуст, подгответе се да го оставите минатото зад себе и да се насочите кон она што го носи иднината. Вие заслужувате да сте опкружени со многу љубов. 

Ако сте во врска, тригонот на Сонцето со Јупитер на самиот почеток на месецот ви носи повеќе заеднички моменти со саканата личност, забава и дружење со заедничките пријатели. Ќе си го исполнувате времето со љубов и ќе се грижите за потребите кои ги имате во врската. Покажете ги своите искрени чувства кон саканата личност и тоа ќе ви биде возвратено.

Слободните Ваги можно е да се заљубат на прв поглед и да се чувствуваат како што одамна не се чувствувале. Тоа е личност која ќе ве привлече поради нејзиниот физички изглед, но и заедничките интереси кои ги имате. Близината ќе се развие брзо, па можно е да започнете стабилна врска. Некои Ваги конечно ќе се решат да и дадат шанса на личност која одамна се труди да ги освои и ќе се изненадат од тоа колку ги привлекува. 

Здравје

Овој месец ви носи одлично здравје. Имунитетот ќе биде силен, а ќе бидете и отпорни на стресот што ќе ви донесе и одлично расположение.