Месечен хороскоп за август 2022: Стрелец

Ова е епски месец за вас на полето на љубовта.

Август е месец во кој ќе блеснете во сиот свој сјај, па затоа не обрнувајте внимание на коментарите кои доаѓаат од луѓето кои не ве знаат добро.

Работа

На 1 август, Марс ги здружува силите со Уран во вашата куќа на дневни активности и ви носи фокус и идеја како да го подобрите својот распоред и да се организирате. Некои Стрелци ќе се решат да почнат од почеток и сето тоа за да бидат поефикасни и попродуктивни. 

Секстилот на Венера со Марс во првиот дел од месецот ќе ви донесе прилив на средства кои ќе можете да ги насочите во развој на проекти кои неодамна сте ги започнале, но и проширување на вашите активности. 

На 7 август, Марс прави квадрат со Сатурн и може да донесе застој во некои важни преговори и да предизвика хаос во комуникацијата со колегите. Дополнително треба да сте внимателни и на 8 август треба да бидете внимателни бидејќи со опозицијата на Венера со Плутон можно е да се соочите со конфликти на работното место особено со колеги кои мислат дека знаат сè подобро од вас и сакаат да се главни. 

Кога Венера ќе влезе во вашата авантуристичка единаесетта куќа на 11 август ќе сфатите дека треба да се радувате на малите победи, кои ќе ги има многу во текот на август. Освен тоа, пред вас е цел период на можности кои ќе ве донесат поблиску до успехот. Не заборавајте на тоа.

Со почетокот на сезоната на Девиците ќе се чувствувате зафатени и ќе имате повеќе обврски. Но, вие сте вредни и ја сакате интелектуалната стимулација, само ќе биде важно да одредите приоритети и да се посветите на најважните работи, за почеток. 

Младата Месечина на 28 август носи можност да се посветите посериозно на вашите цели. Ако сте опкружени со луѓе кои се трудат да го саботираат вашиот успех, време е да почнете да ги игнорирате. Не дозволувајте им да победат, бидејќи успехот ви е загарантиран, а тие само го трошат вашето драгоцено време. 

Љубов

На 11 август, со полната Месечина во Водолија ќе бидете поттикнати да отворите важна тема со саканата личност или некој кој ви се допаѓа и да ги ставите сите карти на маса. Ова е момент на вистината, па затоа потрудете се вашите зборови да се одраз на вашите мисли. Ова е транзит кој може да донесе и до одредени промени во вашите пријателства, па не жалете по нешто што нема потенцијал. 

На 18 август кога Венера прави конјункција со Јупитер во Овен ќе бидете поттикнати да се забавувате и да флертувате. Јупитер ви носи среќа во вашата петта куќа на страста и романсата, па затоа уживајте во вниманието кое ќе го добивате во овој период. Ако сте сами ќе имате додворувачи од сите страни, а за оние кои се во врска, саканата личност ќе се однесува како повторно да се заљубува во вас. Заокружете го овој датум во календарот бидејќи ви носи неверојатна љубовна магија. 

Но, бидете внимателни на 20 август кога Марс е во вашата куќа на непријатели и може да ви донесе конфликт на ова поле. Не дозволувајте некој да се однесува лошо кон вас и адресирајте ги сите сомнежи кои ги имате. Вие сте еден од најхрабрите знаци во хороскопот, имајте го тоа на ум. 

Ако сте во врска, тригонот на Сонцето со Јупитер на почетокот на август може да ви донесе можност да отпатувате на одмор во странство со саканата личност и добро да си поминете. Секстилот на Венера со Марс ги зајакнува вашите страсти и ви носи забава и уживање со саканата личност. Влегувањето на Меркур во Девица ќе ви помогне и да ги остварите заедничките цели.

Слободните Девици ќе запознаат личност со која би сакале да влезат во авантура. Тоа може да е некој кој ќе ве привлече уште од првата средба. Иако ќе посакувате овој однос да е минлив и брз, сепак големи се шансите да се заљубите во оваа личност. Некои Стрелци ќе запознаат интересна личност на едно патување. 

Здравје 

Можен е пад на имунитетот, па затоа земајте ги потребните витамини. Грлото ќе ви биде чувствително, па затоа избегнувајте и студени пијалоци.