Мерките за намалување на аерозагадувањето престануваат да важат

Престанаа да важат мерките кои беа донесени поради загадениот воздух.

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за следење на квалитет на воздух на ден 28.12. среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на метар кубен, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје, на мерните места Лисиче и Ректорат.

Мерките донесени согласно заклучоците од Нацрт – записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана денеска, престануваат да важат.