Ќе има ли ефект од мерките против загадувањето, граѓаните со поделени ставови

Паркинзите иако двојно поскапи денеска беа преполни. Граѓаните бараа место повеќе и тоа токму во центарот на градот. ПМ честичките и натаму ги надминуваат дозволените граници но се помалки присутни во воздухот од вчера. Скопје и понатаму е на високо место на листата најзагадени градови.

Надлежните го продолжија за два дена  зимскиот распуст на учениците за да ги заштитат од енормното загадување.

Автобусите денеска вообичаено полни и покрај бесплатниот превоз.

Градот Скопје објави јавен повик за субвенционирање печки на пелети. Повикот и натаму ќе се реализира по принципот прв дојден прв услужен а ќе трае се до 30 ноември 2019 или се додека не се исцрпат предвидените средства за оваа намена информираат градските служби. Субвенциите се во износ до 30 000 денари.

Од вчера запрени се и градежните работи под надлежност на Градот. Дел од општините излегоа со препораки и до приватните градежници и ги зголемија инспекциските контроли. Но сепак во Општина Карпош препораките не се почитуваат до крај.