На добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, вечерва (сабота) Градот Скопје за граѓаните организира медена филмска вечер со проекцијата на хитот „Медена земја“.
Киното на отворено е одлична можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето.
Проекцијата на филмот „Медена земја“ од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе почне во 20 часот.
Бесплатната саботна филмска вечер е дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028, велат од Град Скопје.