Mаж починал додека извршувал работни задачи во тетовско

Вчера околу 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, П.А(63) од Кочани, додека извршувал работни задачи во фирма, му се слошило и починал.

Од полицијата информираат дека смрт констатирал лекар од здравствена установа од с.Брвеница.

Увид извршила екипа од СВР Тетово, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.