Маж од Муртино преку видео порака му се заканил на полицаец

Едно лице од село Муртино, струмичко, доби кривична пријава.

- СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.С.(34) од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’, информира МВР.

Како што соопшти МВР, на 12.02.2023, пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео порака во која упатил закани кон полициски службеник, кој претходно презел службени дејствија против пријавениот во кривично - правен настан.