Три млади момчиња повредени во сообраќајка во струмичко

Три млади момчиња се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајка во струмичко. 

На 04.10.2022 година во 13.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од село Банско кон село Муртино, струмичко, Џ.Е.(20) од село Банско, управувајки патничко возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, информираа од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот У.М.(20), кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а возачот и сопатникот И.И.(20) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.