Масовен протест во Охрид: Дел од граѓаните се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон

 

Во Охрид почна протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ којшто според најавите треба да биде отворен во 12 часот.

Протестот го организира политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти.

Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.

– Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни, велат насобраните граѓани.

Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.