Март ќе биде најубав за три хороскопски знаци

Март ни го носи крајот на зимата, но и почетокот на едно од најубавите годишни времиња. Доаѓа до убаво чувство на раѓање на природата, но и магични промени.

Овој период ја имаме сезоната на чувствителните Риби, а потоа и на импулсивниот Овен. Првиот дел од март носи магија, креативност и љубезност, а сезоната на Овните ни носи попрактична енергија кога ги земаме работите во свои раце.

Март носи позитивна планетарна енергија, но и најубави моменти за три хороскопски знаци.

Овен

Имате цели и идеи кои сакате да ги реализирате. Но, првиот дел од месецот ќе биде побавен и насочен кон инстроспектива, а во овој период ќе биде активирана вашата дванаесетта куќа на духовност и ќе бидете свртени кон себеси. Луксузната Венера влегува во Овен на 21 март носејќи ви голема љубов кон себеси, но и обновување на многу од вашите односи.

Шкорпија

Подгответе се за месец исполнет со чистина и забава. Сезоната на Рибите ја активира вашата петта куќа на самоизразување што ве охрабрува да се поврзете со детето во вас и да се потсетите на оние нешта кои ве прават среќни и живи. Ослободете се од своите грижи и уживајте во сегашниот миг. Потсетете се на тоа како е да се биде дете. 

Риби

Овој месец ви припаѓа вам, бидејќи почнува со вашата сезона. Соларното враќање се карактеризира со љубезност, емпатија и соништа. Вие сте знак кој често сака да избега од реалноста и да се заклучи во своите мисли, но оваа сезона ви дава можност и да реализирате голем дел од своите идеи. Се чувствувате како да ја живеете магијата а тоа ви дава харизма која ве приближува до луѓето. Уживајте во вниманието!