Маркети на секој чекор: Каде најчесто се пазари во Македонија?

Агенцијата за истражување и консалтинг “Инсајдер ИД” во Октомври 2018 по втор пат спроведе истражување според кое се прогласуваат “Топ 3 Маркети според потрошувачите во Македонија”. Истражувањето е спроведено на 1300 активни потрошувачи во целата држава. Резултатите покажале дека граѓаните најчесто пазарат во Кам маркети.

И оваа година според истражувњето на првата позиција е Кам Маркет со значајно повисоко учество од сите останати ланци на маркети и приближно еднакво учество како и во претходната 2017-та година. Тинекс е на втора позиција повторно како и претходната година, но со пониско учество во одговорите, и Стокомак кој го заменува Веро на третата позиција.

Анализите на истражувањето покажуваат дека во Кам маркет најчесто пазарат потрошувачи кои имаат месечни примања во опсег од 350 до 500 евра, додека потрошувачите на Тинекс се тие со малку поголем буџет, односно примања над 500 евра.

Од финансиски аспект, најзначајно апсолутно зголемување во приходот од продажба има во Кам Маркет каде од 91 мил. се искачува на 115 милиони или раст од 24 мил. евра за период од 3 години. Потоа, следи Стокомак со раст од приближно 17 милиони евра и 6 милиони евра во Тинекс.