Маријан Николовски е реизбран за Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво со нов четиригодишен мандат

Со особено задоволство ја споделуваме  информацијата  за добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС за реизбор на г-дин Маријан Николовски за Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво во наредните четири години.

Г-дин Николовски е Член на Управниот одбор од основањето на Друштвото, кој со неговото делување, професионален пристап, искуство и несебично споделување на личните и  професионални знаења во сферата на капитално финансираното пензиско осигурување, остава сопствен белег и дава суштински придонес кон поставувањето на основите, развојот и реализацијата на сите деловни двигатели во областа на нашето делување, а со тоа и на резултатите кои Триглав пензиско друштво ги постигнува за време на неговиот мандат.

Триглав пензиско друштво е дел од Групација Триглав, една од најголемите осигурително- финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.