Манијак се самозадоволувал пред две девојки во Градскиот парк

На 31.01.2018 година во 18,15 часот, С.М.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот, додека шетала заедно со нејзината другарка низ Градски парк, во близина на дискотеките, во еден момент забележала машко лице, на возраст околу 40 години, кое најпрво им се доближило и ги прашало дали сакаат да се запознаат.

Откако го одбиле лицето се доближило зад клупата каде што седеле, по што пријавителката и нејзината пријателка го забележале како се самозадоволува, соопшти МВР.

„С.М. и нејзината другарка станале и се упатиле кон дискотеките, но лицето се движело кон нив, по што веднаш се јавиле во 192 , а по кратко време лицето си заминало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот“, информираат од МВР.