Манијак демне во Центар во среде бел ден

Манијак деновиве демне во Центар. Една исплашена мајка преку Фејсбук статус го сподели своето искуство.

Прочитајте го ФБ статусот пренесен во целост:

Жени, едно малку предупредување, пред нецел час бев на паркингот во центар Карши Холидеј ин. Заедно со 14 годишната ќерка одевме кон колата која ми беше паркирана во позадина на билетарницата каде се плаќа паркингот. Маж на возраст од 45-50, слаб висок околу 175-180см облечен во фармерки скратени до колена, тегет маица со тенка бела линија на ракавите, носеше обична бела кеса во рака, одеше позади нас и почна да префрла вулгарни коментари. Влеговме набрзина во кола, заклучив. Тој се оддалечи неколку чекори и додека да ја запалам колата се врати накај нас и се залепи на прозорот на страната на ќерка ми и продолжи да ми префрлува вулгарни коментари пред неа. Кога отворив малку прозор и почнав агресивно да му се дерам и да го пцујам побегна но продолжи да кружи околу. Внимавајте кога влегувате во кола, се појави одеднаш.

nike air max 1 sale