Малолетник со мопед прегази маж во Скопје

Малолетник со мопед прегазил скопјанец кој завршил со тешки повреди. 

- На 09.11.2023 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ мопед „пијаџио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје удрил во Т.С.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.